Белата куќа: САД протеруваат десет руски дипломати

од Stefanija Kuzmanovska
384 прегледи

Соединетите држави најавија дека ќе воведат санкции за шест руски технолошки компании, како и протерување на десет руски дипломати.

„Денес, администрацијата (на Бајден) презема мерки против Русија поради постапките на нејзината влада и разузнавачките служби против суверенитетот и интересите на Соединетите држави“, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Министерството за финансии на САД идентификуваше шест руски технолошки компании кои ја поддржуваат сајбер програмата на руските разузнавачки служби“, се вели во соопштението.

Исто така се додава дека овие компании се „одговорни за работа во технолошкиот сектор на руската економија“. Ние ќе продолжиме да ја сметаме Русија одговорна за злонамерните активности во сајбер просторот, сличен на инцидентот со „Солар виндс “, користејќи ги сите достапни мерки.

Во соопштението се прецизира дека американското Министерство за финансии вовело санкции против 32 правни и физички лица кои „се обидоа да влијаат на американските претседателски избори во 2020 година и извршија други акти на дезинформација и мешање“.

Белата куќа додава дека Вашингтон протерува руски дипломати.

„САД протеруваат десет членови на руската дипломатска мисија во Вашингтон. Меѓу вработените има и претставници на руските разузнавачки служби“, се нагласува во соопштението.

Слични содржини