266
НАТО ќе предложи „реформски пат“ за пристапување на Украина во Атлантската алијанса, но без да одреди датум за прием, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Ќе биде предложен „реформски пат за Украина“, но „без да се одреди датум“, изјави Саливан за новинарите во Вилнус, каде што денеска почнува дводневниот самит на НАТО.
Саливан рече дека претседателите на САД и Украина, Џозеф Бајден и Володимир Зеленски ќе се сретнат утре, на вториот ден од самитот.
Зеленски неодамна ги повика западните земји да испратат „јасен сигнал“ за перспективите на неговата земја за членство во НАТО.