259
Белата куќа одговори на нова рунда прашања за способноста на американскиот претседател Џозеф Бајден да се кандидира за реизбор со оглед на неговата возраст, велејќи дека „80-тите се новите 40-ти“.
Бајден (80), кој веќе е најстариот американски претседател, се кандидира за реизбор во 2024 година и би имал 82 години доколку победи, кога неговиот втор четиригодишен мандат ќе започне во јануари 2025 година, објави Ројтерс.
Различни анкети покажуваат загриженост на гласачите за возраста на Бајден и возраста на неговиот главен конкурент за републиканскиот кандидат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој има 77 години.