Белата куќа: Групата Вагнер набавува оружје од Северна Кореја за војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Приватни руски воени платеници од групата „Вагнер“ презеле пратка оружје од Северна Кореја наменета за руските сили во Украина, соопшти денеска Белата куќа.

„Вагнер бара добавувачи на оружје ширум светот за да ги поддржи неговите воени операции во Украина. Можеме да потврдиме дека Северна Кореја минатиот месец му достави на Вагнер пешадиски ракети и проектили во Русија“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за националната безбедност на Белата куќа, пренесе „Гласот на Америка“.

САД проценуваат дека количината на оружје испорачана од Северна Кореја нема да ја промени динамиката на војната во Украина.

Слични содржини