Околу 200 демонстранти во Портланд, Орегон, кршеа прозорци и ја гаѓаа полицијата во петокот вечерта, откако поротата го ослободи Кајл Ритенхаус од обвиненијата за убиство на две лица на протестот против расизмот во Кеноша минатата година.
Шерифите прогласија состојба на немири во центарот на градот по „насилното, деструктивно однесување на значителен дел од толпата“, а во извештаите некои зборуваа и за палење на Центарот за правда.
Полицијата употреби звучници за да ја замоли толпата да се растера или да се соочи со употреба на сила, вклучително и со „пепер спреј и огнено оружје“. До 23 часот, толпата во голема мера се разотишла.
A riot has been declared in Portland, OR during a protesr in response to the Kyle Rittenhouse trial verdict. pic.twitter.com/EoiVFG8n2Z
— Mathieu Lewis-Rolland (@MathieuLRolland) November 20, 2021
Во Кеноша, на скалите на зградата на судот, дошло до конфликт меѓу приврзаниците на спротивставените страни, кој олицетворува сосема различни призми низ кои поделената Америка гледа на случајот.
Протестни маршеви се одржаа и во Чикаго и Њујорк.
Со реакцијата што доаѓа од двете страни на политичкиот јаз, случајот Ритенхаус ја подели земјата, при што многумина укажуваат на асиметријата помеѓу начинот на кој органите на прогонот ги третираат вооружените белци и демонстрантите против расизмот.
Portland police have declared a riot tonight after demonstrators gathered downtown to protest the verdict in the Kyle Rittenhouse trial pic.twitter.com/7OBjgFvkbo
— Zane Sparling (@PDXzane) November 20, 2021
Ритенхаус стана „ѕвезда“ за многу конзервативци, кои собраа пари за неговиот адвокатски тим.
По објавата дека Ритенхаус е ослободен од сите обвиненија, политичарите и јавните личности преку социјалните мрежи го искажаа својот став за пресудата.
– Пресудата во случајот Кајл Ритенхаус е травестија и не донесе правда во име на оние кои ги загубија животите додека мирно се собраа да протестираат против полициската бруталност и насилство – твитна NAACP.
Бернис Кинг, министерка и ќерка на Мартин Лутер Кинг Џуниор, напиша на Твитер: „Правдата не е само во пресудите. Тоа е континуитет. Можеме да поттикнеме промена во нашата култура, вклучително и оспорување на разликата во тоа како црн тинејџер би бил ангажиран во Кеноша“.
Обраќајќи им се на новинарите во петокот, американскиот претседател Џо Бајден рече дека стои „зад“ одлуката на судот.
Biden on #RittenhouseVerdict “I stand by what the jury has concluded.” – @POTUS
See full comments:
— Chernéy Amhara (@CherneyAmharaTV) November 19, 2021
– Стојам зад она што го заклучи судот. Системот на поротата функционира, рече Бајден пред да одговори на прашањата за неговото здравје по колоноскопијата што ја направи претходно истиот ден.
Во подоцнежната изјава американскиот претседател апелираше на смиреност.
– Иако многу Американци ќе почувствуваат гнев или загриженост по пресудата, а јас сум меѓу нив, мора да прифатиме дека поротата ја донесе одлуката. Ветив дека ќе ги соберам заедно Американците, бидејќи верувам дека она што не обединува е многу поголемо од она што не разделува – изјави синоќа Бајден.
Конгресменката од Мисури, Кори Буш, коментираше преку Твитер, велејќи дека е „повредена“, „лута“ и со „скршено срце“.
– Тоа е белата надмоќ на дело. Овој систем не е дизајниран да бара одговорност од белите врховисти. Затоа црните и кафените луѓе се брутализирани и ставани во кафези, додека убијците на белите врховисти се ослободуваат – напиша Буш на Твитер.
Конгресменката Александрија Оказио-Кортез остро ја осуди ослободителната пресуда за Ритенхаус.
– Сведоци сме дека системот функционира како што е дизајниран и ги штити оние за кои е дизајниран. Срцето ми се кине поради заедницата и семејствата чија тага сега расте, и безброј други кои ќе бидат лишени во слични сцени низ земјата – напиша таа.
Говореше и гувернерот на Илиноис, Џеј Би Прикер.
– Да се носи наполнет пиштол меѓу луѓе на 20 милји од вашата куќа и да пукаш во невооружени граѓани е фундаментално погрешно. Дваесет и шестгодишниот Ентони Хубер и 36-годишниот Џозеф Розенбаум, татко, го имаа целиот живот пред себе. Тие заслужуваат да бидат живи денес. Тие заслужуваат правда, напиша Прикер во соопштението.
Around 100 #antifa on the ground in #Portland at Justice Center pic.twitter.com/llEX56HH3F
— oak_tree_upheaval (@oaktreeupheaval) November 20, 2021
Многу конзервативни политичари ја прославија ослободителната пресуда на Ритенхаус, кога многумина од десницата сакаа да го прикажат како некој што се спротивставува на бунтовниците.
„Ритенхаус – НЕ Е ВИНОВЕН!“, напиша на Твитер гувернерот на Тексас, Грег Абот, веднаш по објавувањето на пресудата.
Сенаторот од Висконсин Рон Џонсон на Твитер напиша: „Верувам дека правдата е задоволена на судењето на Кајл Ритенхаус. Се надевам дека секој ќе може да ја прифати пресудата, да остане смирен и да дозволи Кеноша да заздрави и да се обнови“.
Конгресменката Медисон Которн од Северна Каролина, исто така, ја коментираше пресудата со твит „НЕ Е ВИНОВЕН“ и во исто време му понуди на Ритенхаус стажирање во Конгресот.

– Имате право да се браните. Бидете вооружени, бидете опасни и бидете морални – порача Которн на Инстаграм по одлуката.
Доналд Трамп, пак, „му честиташе“ на Ритенхаус за пресудата. Поранешниот претседател даде кратка изјава
– Ако тоа не е самоодбрана, ништо не е! – рече Трамп.
За потсетување, поротата во градот Кеноша го ослободи 18-годишниот Кајл Ритенхаус од обвиненијата дека е одговорен за убиството на двајца мажи и за обид да го убие третиот, со својата полуавтоматска пушка, за време на хаотичните протести за расна правда во 2020 година во Висконсин, заклучувајќи дека тинејџерот реагирал во самоодбрана.