„Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ е вистински урбан геноцид, вели Димитровски

од Nikola Popovski
272 прегледи

Генералниот секретар на Демократски сојуз и заменик-министер за локална самоуправа, Зоран Димитровски за случајот „Талир 2“ и објектот на седиштетото на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека „тоа што е направено во централното градско подрачје и на таа парцела, тоа е вистински урбан геноцид“.

-Слушавте во бомбите како Груевски за една друга палата, понатаму изградена, вели „ајде што ти е гајле таму живеат некои што гласаат за комуњарите“. Таму нема по два-три метри простор, зборуваме за таа маркица од која што требало да биде хотел. на градежната компанија. Тој хотел е таков чир на тоа место. Значи нема таму простор за дишење. Таму да одобрите маркица за да го затворите просторот за граѓаните е сериозно кривично дело, вели Димитровски за емисијата „24 анализа“.

Тој додава дека „кога дојде Мицкоски на власт во партијата, едно од неговите први ветувања беше дека ќе ја напушти Белата палата“.

-Внатрешните приказни од ВМРО-ДПМНЕ беа дека таа чини 30 илјади денари месечно за да се одржува и дека е скапо и дека не е добро за имиџот на партијата да продолжи во ваква Бела палата. Мислам целата приказна на ова треба да заврши на суд. Не можеме да избегаме од оваа политичка димензија и од целиот амбиент како тогаш владееше ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Димитровски.

Слични содржини