Белгија без постигнат гол ја елиминира Украина од ЕП 2024

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Екипите на Белгија и Украина не успеаја да постигнат гол и одиграа 0-0 во третото коло од групната фаза на УЕФА ЕУРО 2024. Резултатот ги испрати Украинците дома бидејќи сите четири селекции завршија со по 4 бода. Романија и Белгија ги зазедоа првите две позиции, гарантирајќи си елиминации на шампионатот. Словачка остана на третото место, што ќе и обезбеди осминафинале.

За прв пат во историјата на Европските првенства, сите четири селекции во една група завршија со еднакви бодови, при што Украина стана првата селекција што завршила на последното место во група и освоила цели 4 бода.

Во другиот натпревар од најнеизвесната група на турнирот, Словачка и Романија ремизираа 1:1.

Во осминафиналето Романија ќе се сретне со Словенија или Холандија, а Словачка со Шпанија или Англија.

Слични содржини