Белгија оди во карантин до декември! Донесени дополнителни мерки

од Stefanija Kuzmanovska

Вечерва белгискиот премиер Александар де Кроу најави подрастични мерки за затворање на Белгија со цел да се потисне ширењето на вирусот ковид-19.

Де Крон изјави дека само во последната недела 100.000 белгиски државјани биле заразени со коронавирусот и дека здравствениот систем е пред колапс.

„Во моментов има само еден избор, а тоа е да го поддржиме здравствениот сектор колку што можеме. Треба да ги ограничиме нашите физички контакти што е можно повеќе. Мора да го запреме растот на епидемијата со радикални мерки“, порача Кроу.

Новите мерки за затворање на земјата стапуваат на сила во недела навечер и ќе траат до 13 декември, со ревидирање по еден месец.

Ќе бидат затворени сите продавници кои не се неопходни, како и фризерски и козметички салони и други услужни активности кои бараат физички контакт.

Работата на далечина е задолжителна, а контактите се ограничени на само едно лице во затворен простор или 4 лица на отворено. Есенските училишни одмори се продолжени до 15 ноември.

Надворешните граници на земјата остануваат отворени, но на граѓаните им се препорачува да не патуваат непотребно.

„Ова се драстични и болни мерки, но ова е последната можност да се намалат бројките и мерките да имаат ефект“, заклучи белгискиот премиер.

Белгија во октомври донесе одлука да ги затвори кафулињата, рестораните, културните и спортски објекти. Задолжително е да се носат маски на отворено и полициски час е на сила низ целата земја.

Слични содржини