Белгиска царина: Запленети 3,4 тони кокаин

од Nikola Popovski
179 прегледи

Белгиската царина на крајот на годината запленила две големи пратки кокаин во пристаништето Васланд во Антверпен. Станува збор за вкупно 3,4 тони кокаин, објави во петокот „FPS Finance“.

Во петокот, на 22 декември, Царината ја откри првата пратка од 1,24 тони кокаин во контејнер на брод кој пристигнал од Гвајакил, Еквадор, пренесува „Crimesite“.

Втората серија од 2,16 тони кокаин била пронајдена во четвртокот во контејнер на брод од Монтевидео, Уругвај.

Федералната судска полиција во Антверпен спроведува дополнителна истрага за трговијата со дрога.

Слични содржини