Полицијата во белгискиот град Дафел соопшти дека пронашла 12-годишно момче кое го возел автомобилот на својот татко, кој го замолил да го стори тоа затоа што самиот имал премногу пиено.
За време на проверка на возачи во Дафел, полицајците забележале автомобил кој се приближува многу бавно и застанува околу осум метри пред контролниот пункт, објави белгискиот VRT.
„Нашите полицајци брзо забележаа дека возачот изгледал многу млад. По проверката, се покажа дека зад воланот било 12-годишно момче“, соопшти полицијата.