Белгиската полиција ги замоли медиумите да не објавуваат информации за акциите во Брисел

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Белгиската полиција упати апел до медиумите да прекинат со објавување на информации за полициските операциите кои се одвиваат во Брисел, пренесоа агенциите.

430x330

Вечерва локалните медиуми објавија дека е во тек нова акција во центарот на белгискиот главен град, без да се потпираат на официјални информации.

По медиумските пораки федералната полиција на Белгија до јавноста се обрати на Twitter,со порака која гласи: “Во интерес на безбедноста, не наведувајте ништо на социјалните мрежи за операциите на полицијата во Брисел.”

Потоа голем број од медиумите на своите профили на Twitter објавија дека ќе го почитуваат барањето на полицијата.

“На барање на федералната полиција оневозможено е емитувањето на информации за тековните операции во Брисел”, – велат од телевизискиот канал RTL.

Белгиското издание “Soir” исто така, објави дека ќе престане да објавува такви информации, а и “Libre” истакна дека престанува да информира за активностите на полицијата во Брисел “.

Потсетуваме во Брисел останува во сила највисоко – четврто ниво на безбедност.