Белгиски вирусолог предупредува: Европа е во 4-ти бран на корона

од Nikola Popovski
401 прегледи

Во Белгија минатата недела е забележан скок од 66 проценти од заразените со Ковид-19, а целата земја наскоро повторно ќе се најде од „зелената“ во „портокаловата зона“ на епидемиолошката карта на Европа.

„Податоците за коронавирусот нагло се зголемуваат по долг период на опаѓање. Тоа зголемување значи повеќе од 200 дополнителни инфекции на ден и очекуваме да се зголеми во наредните денови “, вели белгискиот вируолог Стивен Ван Гухт.

Додека регионот на Брисел остана во „портокаловата зона“, Валонија и Фландрија влегоа во таканаречената безбедна зелена зона во претходните две недели, по долго време.

„Ова наскоро ќе стане портокалово“, предупредува Ван Гухт.

Во време кога Кипар и делови од Шпанија се наоѓаат во „црвената зона“ на европската епидемиолошка мапа, белгискиот вирусолог предупредува дека четвртиот бран на коронавирус е веќе во тек во Европа.

Слични содржини