Белгискиот кандидат за еврокомесар Дидие Рејндерс обвинет за перење пари

од desk2
132 прегледи

Белгискиот кандидат за местото на нов еврокомесар за правда, актуелниот министер за надворешни работи на земјата, Дидие Рејндерс, зе соочува со прелиминарна истрага поради обвинение за перење пари во Конго, соопштија белгиските власти.

Обвиненијата против Рејндерс ги изнесе поранешен припадник на белгиската разузнавачка служба, наведе канцеларијата на државниот обвинител, не изнесувајќи повеќе детали.

Весниците Л’Еко и Де Тијд, кои први информираа за случајот, наведуваат дека истрагата е се уште во почетна фаза.

Сослушувањето во Европскиот Парламент за подобноста на кандидатите за еврокомесари е закажана за 30 септември, потсетуваат британските медиуми.