Белградски основци на порнографски содржини ги монтирале лицата на наставничка и врсници

од Stefanija Kuzmanovska
410 прегледи

Група ученици од основно училиште во Белград ги злоупотребиле фотографиите на нивната наставничка и нивните врсници, користејќи ги за монтажа на порнографски содржини, пишува „Курир“.

Училиштето веднаш реагирало и спровело дисциплинска постапка. Директорот Иван Ќириќ за „Телеграф“ изјавил дека учениците признале што направиле, дека се казнети за нивното недолично однесување, но и дека ќе се спроведат дополнителни мерки, како што е зголемена работа со психолози и педагози.

„Разговаравме со родителите, децата, оштетените. Спречивме ширење на материјалот и тој е избришан. Децата си ја признаа грешката, родителите исто“, вели директорот.

Директорот истакнал дека за настанот биле информирани и сите институции кои се известени во такви ситуации.

„Полицијата, јавниот бранител, јавното обвинителство… Бидејќи се работеше за деца, немаше елементи за кривична пријава, па случајот беше решен на ниво на училиште, согласно законот“, рече тој.

Со оглед на тоа што монтажата се вршела надвор од училиште и училишните часови, директорот апелираше до родителите да водат сметка за тоа што гледаат нивните деца на интернет.

Слични содржини