Белимова од ЗНАМ: Да договориме реално решение за патните трошоци, а не да правиме популизам

од Nikola Popovski
749 прегледи

Пратеничката Даниела Белимова од редовите на ЗНАМ денеска порача дека го прифаќаат секој предлог кој што е конструктивен за предлог-законот за пратениците во врска со патните трошоци, но, бараат да седнат на заедничка маса со останатите пратенички групи.

-Треба да договориме нешто што е реално и општо прифатливо, а не само да правиме популизам. Кога ќе седнеме на маса и ќе ги ставиме сите работи, тогаш ќе изнајдеме и решение, рече пратеничката во изјава од Собранието.

Од партијата најавуваат дека нема да ги поддржат денешните предлог-измени кои доаѓаат по иницијатива на Левица. Тврдат дека „Левица не е решение на проблемот, туку проблем за секое можно решение“.

Партијата на Димитар Апасиев предлага ограничување на патните трошоци на народните избраници. Бараат овој трошок да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 километри што би било околу 500 денари, а не досегашните 1700 денари за истото поминато растојание плус патарини.

Слични содржини