Белингам сака да го освои Светското клупско првенство со Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Џуд Белингам сонува да го освои Светското клупско првенство со Реал Мадрид ова лето.

„Сакаме добро да ја завршиме сезоната, па затоа се стремиме да го освоиме турнирот. Сега сме малку тажни бидејќи секогаш сакаме да се бориме за титули. Важно е бидејќи е уште еден трофеј и сакаме да триумфираме. Ова е сонот на тимот и клубот. По малку слабата сезона, сакаме да го освоиме Светското првенство“, рече играчот од средниот ред на Реал Мадрид и Англија, цитиран од весникот „Марка“.

Светското клупско првенство ќе се одржи во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули.

Доцна синоќа, Реал Мадрид ја победи Севиља со 2-0 на гостински терен со головите на Килијан Мбапе и Џуд Белингам. „Белите“ ја завршија сезоната на второто место во Примера дивизион, зад шампионот Барселона.

Слични содржини