35
Проблеми за Реал. Еден од најдобрите играчи на клубот Џуд Белингем е повреден и извесно време нема да биде на теренот.
– Се повреди. Во моментов се проценува сериозноста на повредата – кратко изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
Се работи за мускулот на ногата, а се очекува англискиот репрезентативец да не се врати на теренот до крајот на репрезентативната пауза.
Тоа значи дека најдобриот играч во Ла Лига за минатата сезона би можел да ги пропушти натпреварите против Ваљадолид, Лас Палмас и Бетис.