15
Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Џуд Белингем би можел да биде казнет поради пцовки кон судијата за време на градското дерби со Атлетико од 23. коло на шпанската Ла Лига (1:1), објавија шпанските медиуми.
Според извештаите, инцидентот, кој се случил во 12. минута од натпреварот, бил опишан во извештајот на судијата и пренесен до судиската комисија, која би можела да го казни Белингам за неговите постапки.
Сезонава Англичанецот настапи на 31 натпревар во сите натпреварувања, на кои постигна 10 гола и имаше 10 асистенции.