Белингем и Родриго под знак прашалник за гостувањето кај Реал Сосиедад

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Џуд Белингем и Родриго не тренираа денеска со Реал Мадрид и се под знак прашалник за утрешното гостување кај Реал Сосиедад во дуел од Ла Лига, пренесува „Марка“.

Англичанецот има стомачни проблеми, поради што пропушти тренинг. Родриго, пак, е болен и исто така не учествува во активностите.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ќе даде поголема јасност за нивната состојба подоцна на неговата прес-конференција.

Според „Марка“, најверојатно Белингем и Родриго сепак ќе бидат вклучени во групата за мечот, но сигурно нема да бидат ризикувани, особено што следната недела следи првото полуфинале од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.