Белингем ќе се извлече само со парична казна за срамниот гест против Словачка

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Џуд Белингем нема да биде суспендиран и ќе му биде на располагање на Герет Саутгејт за саботното четвртфинале со Швајцарија.

Според „Билд“, ѕвездата на Реал Мадрид ќе се извлече само со парична казна за гестот што го направи по израмнувањето против Словачка. Тогаш Белингам беше „осомничен“ дека го направил непристојниот гест кон клупата на Словачка, но самиот играч подоцна на социјалните мрежи објасни дека гестот бил насочен кон неговите блиски пријатели кои биле на трибините.

Сепак, УЕФА објави дека започнуваат сопствена истрага.

На Островот беа загрижени дека Џуд може да „изгори“ за мечот со Швајцарија, но информациите од Германија се дека УЕФА го прифатила објаснувањето на Белингем и ќе му изрече само парична казна.

Словачката федерација исто така одлучи да не подигне обвинение, што му помогна на играчот од средниот ред.

Слични содржини