Белингем: Мразам да пропуштам натпревари, но моето тело не може да издржи

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Играчот од средниот ред на Реал (Мадрид) – Џуд Белингем, на социјалните мрежи ја прокоментира својата повреда. Англискиот интернационалец заработи повреда на мускулот на десната нога, поради што ќе биде надвор од терените најмалку еден месец.

„Нема ништо што мразам повеќе од пропуштање натпревари, но се обидувам да ги гледам работите од позитивната страна. Можеби моето тело рече дека му треба пауза по напорната година.

Многу сум разочаран, но ќе ги поддржувам моите соиграчи како навивач додека не се вратам во мојата најдобра и најсилна форма. Благодарам за пораките и поддршката“, додаде англискиот играч за врска.

Слични содржини