Англискиот играч за врска Џaд Белингем не планира да ја напушти Борусија (Дортмунд) на лето и се надева дека следната сезона ќе може да му помогне на тимот да ја прекине серијата на Баерн (Минхен) од десет последователни титули во Бундеслигата.
„Ќе бидам тука следната сезона и ќе бидам подготвен“, изјави Белингам пред последниот натпревар на Борусија во сезоната против Херта денеска.
Иако има само 18 години, Белингем оваа сезона се наметна како еден од предводниците на „жолто-црните“. Тој има договор со клубот до 2025 година, но веќе е трансфер цел на огромен број клубови од Западна Европа.
Според Англичанецот, оваа сезона екипата на Борусија не можела да се бори со Баерн за титулата, бидејќи имала многу големи флуктуации во перформансите и дозволувала премногу лесни голови.
„Веруваме дека следната сезона ќе бидеме подобри како играчи и како тим. Во Бундеслигата одигравме добри натпревари и постигнавме многу голови. Но сега треба да најдеме постојаност. Прекинувањето на серија од десет титули ќе биде неверојатно за Борусија и за мене лично. Би било едно од најголемите достигнувања во Европа да може да се симне од тронот тим што доминира толку долго“, додаде Белингем.