Еден од водечките англиски фудбалери, Џуд Белингем, призна дека бил исцрпен за време на дуелот со Словенија во вторникот и само поддршката од трибините го одржувала. „Трите лава“ доста променливо го започнаа учеството на ЕП 2024 каде што пристигнаа како еден од фаворитите. Запишаа само една победа и две реми, но сепак успеаја да ја добијат својата група и да се пласираат во осминафиналето, каде ќе се соочат со Словачка.
„На последниот натпревар бев целосно мртов, но потоа ги слушате навивачите како пеат и скандираат… Има многу негативност надвор од стадионот и надвор од кампот на тимот. Мислам дека е важно да се запамети дека токму овие навивачи на стадионот ќе ни ја дадат таа енергија. Не можеме да се грижиме за сите други што не се таму. Треба само да продолжиме да ја користиме таа енергија што ја добиваме од нив“, рече Белингам.
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид имаше одлична кампања со мадриѓаните и постигна 23 гола во 42 натпревари за тимот, што ги доведе до титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Англија во недела во 18:00 часот по наше време ќе го одигра осминафиналето против Словачка.