Белингем: Се чувствував како жртвено јагне по ЕП

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Англискиот репрезентативец и напаѓач на Реал Мадрид, Џуд Белингем, изјави дека се чувствува како „жртвено јагне“ откако неговата репрезентација не успеа да го освои Европското првенство летово.

„Морам да бидам искрен, ја загубив насмевката по Европското првенство. Се чувствував како да ме малтретираат неправедно поради тоа што го дадов. Почувствував остра критика упатена кон мене. Се чувствував малку како жртвено јагне. Можеби тоа е самосожалување“, изјави Белингам.

Белингем пред почетокот на Европското првенство со Реал ја освои титулата во Шпанија и Лигата на шампионите, а беше прогласен за играч на годината во Шпанија.

„Мислам дека придонесов за репрезентацијата во некои важни моменти, а на крајот како цел свет да ми се сруши, особено три дена по финалето на ЕП. Тоа не е многу убаво чувство“, заклучи Белингам.

Слични содржини