Белингем се повреди и го загрижи Реал

од Nikola Popovski
253 прегледи

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска ја потврди повредата на Џуд Белингем. Англичанецот го напушти теренот во победата над Жирона, откако постигна два гола, откако заработи повреда на скочниот зглоб.

По денешните прегледи е утврдено дека повредата не е безопасна, а Белингем ќе отсуствува две до три недели.

Тоа значи дека Белингем ќе го пропушти гостувањето кај Лајпциг на Елиф Елмас во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, како и првенствените натпревари против Рајо Ваљекано и Севиља.

Се очекува Белингем да биде подготвен за реваншот со Лајпциг, како и за гостувањето кај Валенсија на „Местаља“ на 2 март.

Освен Белингем, надвор од терените се уште е Антонио Ридигер. а се враќа Нако Фернандеш. Тибо Куртоа, Едер Милитао и Давид Алаба се подолго време повредени и неизвесно е кога ќе се вратат.

Слични содржини