Белингем суспендиран на два натпревари поради навреда на судијата на мечот со Осасуна

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем е суспендиран на два натпревари поради директниот црвен картон што го доби на натпреварот од 24. коло на Ла Лига против Осасуна (1:1), пренесе „АС“.

Дисциплинската комисија на Кралската шпанска фудбалска федерација ги смета за понижувачки зборовите кои Англичанецот му ги кажа на судијата Мунуера Монтеро, поради што Англичанецот ќе ги пропушти натпреварите од Ла Лига против Жирона (23 февруари) и Бетис (2 март).

Реал Мадрид планира да ја обжали одлуката до Комитетот за жалби. Самиот Белингем по мечот со Осасуна изјави дека не го навредил судијата и не му кажал ништо лошо.

Слични содржини