Еден од водачите на белградската криминална група, огранокот на „кавачкиот клан“, Вељко Беливук, требало да биде убиен со снајпер во Белград, во јуни минатата година.
Тој зборувал за тоа преку заштитената апликација „Скај“, со, како што се сомнева, неговиот најблизок соработник Марко Миљковиќ, додека се опоравувал од коронавирусот во болница. Наводно, Беливук морал да „искешира“ 100.000 евра за да ги добие сите информации од човекот кој бил дел од планот за негова ликвидација. Во сето тоа го вклучил и Александар Глигоријевиќ Пуки, кого потоа брутално го убил.
Обвинението, поднесено од Обвинителството за организиран криминал на 30 јули, дава детали за случајот. Меѓу другото, се наведува дека Александар Глигоријевиќ бил убиен затоа што наводно открил информации за движењата и плановите на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, но тој исто така, како што се сомневаа овие двајца, „планирал со членови на ривалска навивачка и криминална група“ да го убие со снајперска пушка Беливук.
Глигоријевиќ го добил прекарот „Ронин“ во апликацијата „Скај“. Интересно, во историјата на Јапонија, на самураите кои ќе го загубат својот господар или ќе станат бандити, им било давано името „ронин“.
На 13 јуни 2020 година, Вељко Беливук се допишувал со непознато лице преку „Скај“, и постои сомневање дека се работи за Миљковиќ:
– Брат … овој ме намести … ако е се во ред, за неколку дена ќе оди во кланица … еве ја пушката, сега ми ја донесе Ронин … Овој од Оџак. .. Трајко и Стојке … него разбрал кој е, т.е. каде треба да не среди и одлучи да ни ја продаде приказната за 100 сома … и да го убијам овој Весковиќ и тој е сигурен … Синоќа бил виден со тој Трајко … ме боли стомакот …
Од комуникацијата што се одвивала добри два и пол часа, Беливук не го споменува името на човекот „кој им ја продал приказната“, но тој тврди дека наводно извесен Весковиќ бил задолжен за негово убиство. Според неофицијалните оперативни информации од полицијата, цитирани од „Новости“, постои можност споменатиот Весковиќ да потекнува од Црна Гора, како и дека некое време се криел во Босна и Херцеговина.
Во еден момент, Беливук се сретнал со „мистериозен човек“ на кого му дал пари за „приказната“:
– Кучето ми ја донесе пушката на нозе и ме удри по рамото … не прашав ништо, не ми призна тој, мој пријател ги видел Ронин и Трајко синоќа околу 12, и ми испрати порака во 12.55 дека вечерва треба да се видиме. Се согласив Ронин и еден наш да отидат во вторник, да ни покажат каде е Весковиќ, а потоа кланица …
Миљковиќ, како што се сомнева, го смирува Беливук цело време и му помага да смисли начин како да го привлече Ронин, кому инаку не му веруваат. Во овие транскрипти, сепак, не е јасно дали тој е човекот што ја „продал“ приказната, но сигурно е дека Глигоријевиќ го донел снајперот кај Беливук, од кого требало да биде убиен.
– Идиотот ми донесе пушка, се уште не верувам … има придушувач. Хел вели (осомничен Небојша Јанковиќ – н.з.) дека цевката е одлична, пушката е спакувана, цевката е брука и механизам, но оптиката е одлична. Ќе видиме кога ќе го спакуваме, што да правиме, ќе го даде кодот на „Скај“ и потоа лесно … Јас им дадов озвучен автомобил синоќа, едвај чекам да го удавам!, пишува Беливук.