Белорусија: Хамас е виновен за инцидентот со авионот на „Рајанер“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Белорусија денеска објави дека авионот на компанијата „Рајанер“, на релација Атина-Вилнус, го приземјила откако добила порака од палестинскиот Хамас, кој се заканил дека ќе го разнесе авионот над белорускиот воздушен простор, освен ако Европската унија не го осуди Израел поради неодамнешниот конфликт во Газа.

Белорускиот министер за транспорт Артем Сикорски рече дека пораката гласи: „Ние, трупите на Хамас, бараме Израел да престане да го напаѓа Појасот Газа. Бараме Европската унија да престане да го поддржува Израел. Доколку не бидат исполнети нашите барања, бомбата ќе експлодира во близина на Вилнус“.

Сикорски ја даде изјавата по осудите на голем дел од меѓународната заедница, која ја обвини Белорусија дека насилно го натерала авионот на „Рајанер“ да слета во Минск со цел да го уапси опозицискиот блогер Роман Проташевиќ, објави „Еуроњуз“.

Европската унија, Соединетите држави и Велика Британија ја осудија белоруската наредба за присилно слетување на авионот во Минск и апсењето на Проташевиќ.

Слични содржини