Белорусија ја подигна борбената готовност на армијата на највисоко ниво

од Stefanija Kuzmanovska
315 прегледи

Поради настаните од 24 јуни во Русија, Белорусија ја подигна борбената готовност на армијата на највисоко ниво, објави белорускиот лидер Александар Лукашенко на брифинг со новинарите.

„Ги дадов сите наредби армијата да се подигне во состојба на целосна борбена готовност“, рече Лукашенко денеска во Минск.

Според него, народот на Белорусија со загриженост го следел обидот за бунт во Русија.

„Нема да кријам, беше болно да се гледаат настаните што се случија на југот на Русија. Не само за мене. Многу наши граѓани го сфатија тоа при срце. Затоа што татковината е една“, заклучи Лукашенко.

Слични содржини