271
Министерството за здравство на Белорусија соопшти дека има наменето одредена количина на вакцина од кинескиот производител Синофарм против коронавирусот за имунизација на бегалците на границата меѓу Белорусија и Полска.
Белорусија ги доби тие вакцини како хуманитарна помош од Кина, пренесува ТАСС.
– Повеќето граѓани на Ирак, Сирија и други кои се наоѓаат во логистичкиот центар Брузги и Свитанка кај Гродно имаат вакцинални пасоши. Сепак, неколку десетици од нив побарале да се вакцинираат – се наведува во соопштението и се додава дека во средата е регистриран еден случај на коронавирус меѓу мигрантите.