Белорусија започна со масовно производство на вакцината „Спутник V“

од Берта Китинска
179 прегледи

Белорусија објави дека започна масовно производство на руската вакцина Спутник V.

Белоруската државна фармацевтска компанија „Белмедпрепарати“ ќе произведува до 500 000 дози од таа вакцина месечно.

Генералниот директор на таа компанија, Сергеј Беjајев, во четвртокот изјави дека првата серија ќе биде достапна на крајот на април.

Белорусија, како втора земја по Русија, издаде одобрение за Спутник В.

Слични содржини