Белорусинка игра за помош за Украина, присутен и Надал

од Nikola Popovski
229 прегледи

Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави (USTA) го објави списокот на учесници на егзибицискиот турнир, чии приходи ќе бидат наменети за хуманитарна помош за Украина.

Натпреварот ќе се одржи на терените на УС Опен 2 во Њујорк на 24 август, Денот на независноста на Украина.

Интересно е што на списокот на учесници се најде и белоруската играчка, некогаш прва на ВТА листата, Викторија Азаренка. Да потсетиме, на Вимблдон не им беше дозволено учество на руски и белоруски претставници.

Покрај Азаренка, на егзибицискиот турнир ќе учествуваат и: Рафаел Надал (Шпанија), Ига Швионтек (Полска), Карлос Алкараз (Шпанија), Лејла Фернандез (Канада), Тејлор Фриц (САД), Феликс Огер-Алиасиме (Канада), Џесика Пегула (САД) и Матео Беретини (Италија).

Организаторите рекоа дека очекуваат да соберат 2 милиони долари.

Слични содржини