Поранешниот кандидат за претседател на Белорусија, Валери Цепкало изјави дека Минск треба да ги зачува одличните односи со Русија дури и по промената на сегашната влада во Белорусија, и дека Русија останува главниот партнер на Белорусија.
„Веруваме дека треба да задржиме се што е добро во односите што ги имаме со Русија. Несомнено, треба да имаме одлични односи со Русија. Ние немаме друг начин, Русија е нашиот најважен партнер во политиката, економијата, во областа на социјалните односи. Имаме одлични пакети за соработка “, рече Цепкало за време на прес-конференцијата.
Сепак, тој истакна дека „треба да се има предвид дека Западот, земјите на ЕУ, се извор на инвестиции и дека е неопходно Белорусија да ги развива односите со нив, без влез во ЕУ“.
Цепкало истакна дека Минск треба да води отворена политика кон сите надворешни партнери, меѓу другото и да соработува со ЕУ и Соединетите држави како извор на тие инвестиции.
„Ние сме должни да градиме партнерства со соседите – имаме три земји што се наши соседи и членки на ЕУ. Едноставно сме должни да ги гледаме Германија, Велика Британија, САД, Канада и други земји како важен извор на инвестиции, нови знаења. Ние треба да бидеме отворени за секого и да не ги сметаме партнерите во категоријата „или-или“, туку во категоријата „и-и“ “, рече Цепало.
Опозицијата не сака крв
Говорејќи за опозицијата, Цепкало оцени дека во Белорусија е формиран многу добар сојуз, кој го сочинуваат претставници на опозицијата.
Тој истакна дека опозицијата не сака крв во Белорусија, туку бара легален начин за промена на владата, за што се потребни протести и штрајкови.
„Никој од нас не сака крв, ние сакаме да најдеме легален излез од ситуацијата, но неопходно е да се продолжи со масовни протести и штрајкови, со цел да се ослабне владата и да се разбере дека постои колосален отпор на белорускиот народ на секој чекор на белоруското општество “, посочи Цепкало.
Цепкало призна дека опозицијата не успеа да ја натера светската заедница да ја признае Светлана Тихановскаја за легално избрана претседателка на Белорусија.
Тој додаде дека ќе продолжи да ја убедува светската јавност да ја признае Светлана за претседател на Белорусија. Исто така изјави дека во тој случај не го исклучува „венецуелското сценарио“ на двојна моќ.
Не сака украинско сценарио
Цепкало истакна дека силите на НАТО не треба да бидат присутни на територијата на Белорусија и со тоа да создадат закана за Русија или некоја друга земја.
„Како мала земја, треба да водиме неутрална политика. Ние не треба да дозволиме силите на НАТО да бидат присутни на територијата на Белорусија на кој било начин, за да можеме да станеме закана за Русија или некоја друга земја“, посочи тој.
Додаде и дека „тие се против тоа и дека руската армија треба да биде на територијата на Белорусија, затоа што тоа би можело да создаде потенцијална закана за Украина“.
Цепкало рече дека не сака „украинското сценарио“ да се повтори во Белорусија.
Истакна дека медиумите се обидуваат да претстават „дека настаните во нашата земја се слични на оние во Украина“.
„Ние не го сакаме украинското сценарио, јас зборувам во свое име, не можам да зборувам во име на другите кандидати“, изјави тој.