Белоруската опозициска лидерка во егзил Светлана Тихановскаја повика на формирање меѓународен трибунал за судење на режимот во Минск, предводен од претседателот Александар Лукашенко.
„Злосторствата на диктатурата на Лукашенко мора да бидат истражени“, рече 38-годишната лидерка на опозицијата во говорот пред Сенатот во Прага.
Тихановскаја учествуваше на претседателските избори во август 2020 година против авторитативниот лидер Лукашенко, кој се прогласи за победник на изборите, што опозицијата ги отфрли, пренесува Хина.