Белоруски медиуми: Лукашенко вечерва паѓа?

од Vladimir Zorba
348 прегледи

Опозициски протести се најавени и за денес во Минск. Прво излегоа актерите на театарот Купаловски, подоцна ќе започнат штрајковите на работниците, додека за вечер, според некои најави и проценки, се подготвува голем митинг на кој Светлана Тихановскаја ќе биде прогласена за претседател на Белорусија.

На мрежите и порталите на некои белоруски медиуми има многу шпекулации дека Лукашенко може да падне вечерва. Некои, исто така, се повикуваат на наводно повлекување на дипломати од Минск – амбасадорите на Русија и Украина во Минск, но и белорускиот амбасадор во Словачка.

Ситуацијата во Минск е мирна. Продавниците и рестораните се отворени. Сообраќајот функционира нормално, додека луѓето одат на работа, известуваат некои медиуми. Интернет и телефонски врски работат, но со прекини.

Главниот настан е планиран за вечерва, пишува „Спутник“. Голем митинг ќе се одржи на плоштадот „Независност“ во 19 часот, каде според некои најави ќе се прогласи Тихановскаја за нов претседател, која според резултатите од ЦИК доби 10% поддршка на претседателските избори.

Сè останува на ниво на шпекулации, а ситуацијата е дополнително искомплицирана со вестите за контроверзии меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претставници на ЕУ и планот на Кремљ за Белорусија, кој сè уште е непознат за јавноста.

Слични содржини