
Белорускиот опозициски политичар Максим Знак започна штрајк со глад во затвор откако беше обвинет за повик за активности што може да им наштетат на белоруските национални интереси, објави опозицискиот Координативен совет.
Максим Знак е член на Советот и истакнат лидер на протестите кои бараат оставка од претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, по претседателските избори одржани на 9 август, за кои според опозицијата се наместени, објави Ројтерс.
Лукашенко негира дека изборите биле наместени.
Да потсетиме, протестите во Белорусија продолжуваат и покрај насилното сузбивање на демонстрациите во првите денови по изборите, кога полицијата уапси скоро 7.000 лица и повреди стотици со гумени куршуми, шок-бомби и палки.
Најмалку пет лица беа убиени.