Галатасарај ја подигна својата понуда за Андреа Белоти, но италијанскиот репрезентативец не е особено ентузијаст за можноста да ја продолжи кариерата во Турција. Тој се надева дека ќе потпише за Рома, иако се уште има пречки за финализирање на зделката.
Белоти е слободен играч откако му истече договорот со Торино и тој одби да го продолжи. Тој веќе одби неколку понуди од Галатасарај, но истанбулскиот гигант не се откажува. Последната понуда е за годишна плата од 4,5 милиони евра плус сериозна сума на рака. Одговорот повторно беше негативен.
Белоти веќе ги прецизираше личните услови со Рома, но засега не може да потпише, бидејќи „волците“ прво мора да се разделат со еден од нивните сегашни напаѓачи. 28-годишниот напаѓач веќе ја одби Валенсија, а доколку потпише со Рома тоа ќе биде за помалку пари отколку што би добил во Галатасарај.