Бен Афлек по кратката пауза се враќа на големото платно во филмот The Way Back. Во него игра тренер на средношколски кошаркарски клуб кој се труди да ја одржи контролата врз својот живот, додека се бори со алкохолизам и брак кој се распаѓа. Афлек во интервју за New York Times призна дека тој филм го отксликува неговото лично искуство. Афлек во интервјуто зборуваше и за својот пат до трезвеноста и јавниот развод од актерката Џенифер Гарнер.
„Најмногу во својот живот жалам што се разведов. Срамот е навистина токсичен. Не постои позитивна нус-појава на срамот. Долго време умерено консумирав алкохол. Почнав да пијам повеќе кога бракот започна да се распаѓа. Тоа беше во 2015 и 2016 година. Мојот алкохолизам, се разбира, направи повеќе брачни проблеми“, призна Афлек.
Афлек и Гарнер објавија дека се разведуваат во јуни 2015 година, а разводот беше финализиран во октомври 2018 година. Парот започна да се гледа во 2004 година, а се венчаа наредната година. Имаат три деца: ќерките Вајолет и Серафина и синот Самуел, пренесува People.
Афлек беше подготвен во интервјуто да зборува за срамот кој го чувствува, но призна дека за него не е добро кога размислува за своите грешки.
„За мене не е здраво постојано да размислувам за своите неуспеси и враќањето на алкохолот. Грешев. Правев работи на кои не сум горд. Без оглед на тоа, мора да станете, учите од своите грешки и да се обидете да напредувате“, истакнал Афлек.
Актерот неколку пати бил на рехабилитација, а последен пат се пријавил во 2018 година. Во октомври истата година, со емотивна исповед на Инстаграм, прв пат отворено зборуваше за своето лекување.
„Оваа недела го завршив четириесетдневното седење во центарот за лекување на зависности и останав во амбулантната нега. Борбата со таквата зависност трае цел живот и тоа е тешка борба. Од таа причина никогаш не го завршив третманот. Тоа е константна обврска. Се борам за себе и својта фамилија“, напишал Афлек на Инстаграм.