Бен Афлек откри како дошло до неговиот познат израз на лицето на Греми наградите

од Stefanija Kuzmanovska

Бен Афлек е интересен за сите фанови пред се поради неговите реакции кои често не може да ги сокрие во јавноста.

Веќе неколку пати беше предмет на бројни мемиња, а еден од најновите вирални хитови е од Греми наградите.

Бен во таа пригода имаше поглед на лицето кој покажуваше дека му е преку глава од се и само сака да си замине. Многумина мислеа дека Џеј Ло го критикува поради алкохолот, па затоа е нерасположен. Во секој случај, многумина се насмеаа.

Сега актерот одлучи да открие која е причината за урнебесната реакција.

Наводно тој ѝ шепнал на Џенифер дека ќе се премести од неа кога почнале да снимаат и ќе ја остави да седи до водителот Тревор, на што таа му се заканила дека подобро би му било да не оди никаде.

Слични содржини