Итамар Бен-Гвир, поранешен израелски министер за национална безбедност, кој има историја да дава коментари кои поттикнуваат гнев и ги провоцираат Палестинците, го поздрави предлогот на Трамп за „чистење“ на Газа.
„Му честитам на американскиот претседател Трамп за неговата иницијатива да ги пресели жителите од Газа во Јордан и Египет“, рече Бен-Гвир, кој поднесе оставка од својата функција претходно овој месец во знак на протест против договорот за прекин на огнот во Газа.
„Едно од нашите барања од премиерот Бенјамин Нетанјаху е да ја поттикне доброволната имиграција, а кога претседателот на најголемата светска сила, Трамп, самиот ќе ја изнесе оваа идеја, би било мудро израелската влада да ја спроведе – поттикнете ја имиграцијата сега! “, пренесе „Ал Џезира“.
Палестинците одамна ги отфрлаат сугестиите дека треба да ги напуштат домовите и земјиштето на нивните предци, дури и во услови на немилосрдни напади, доселеници и економско одземање.