Бен Једер: Во реалниот свет можевме да победиме, но вонземјанинот реши поинаку

од Vlatko K
90 прегледи

Напаѓачот на Севиља, Висам бен Једер ја објасни причината за поразот на својот тим во дербито
против Барселона. Како што е познато, каталонците триумфираа на „Рамон Санчез Писхуан“ со 4:2
по незаборавен пресврт. Суперѕвездата на гостите Лионел Меси постигна „хет-трик“ и асистенција.


„Можеби во реалниот свет би го освоиле овој натпревар. Но играчот од друга планета одлучи
поинаку. Горд сум со тимот, ние никогаш не се предаваме. Напред, Севиља!“, Напиша бен Једер на
Твитер.

Французинот има 22 гола и 11 асистенции во 39 натпревари сезонава во сите натпреварувања.
Севиља е петта во Ла Лига.