Бендер: ЕУ треба да им понуди реалистичен предлог на земјите од Западен Балкан што ќе води кон членство

Реалистички предлог, според него, е тој да одговара на потребите на луѓето, а таков би бил земјите да станат дел од  заедничкиот европски пазар, што ќе значи дека ги исполнуваат барањaтa за учество на тој пазар и дека нема да има намалување на европските стнадарди

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Локално

На земјите од Западен Балкан треба да им се даде реалистички предлог заисполнување реформи кои ќе водат до членство, а не алтернатива за членство.  На јавната дебата „Насочување на европскиот пат: Можности и предизвици“, во организација на канцеларијата на поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски, ова го изјави го изјави заменик претседателот на Европската Иницијатива стабилност Кристоф Бендер.

Реалистички предлог, според него, е тој да одговара на потребите на луѓето, а таков би бил земјите да станат дел од  заедничкиот европски пазар, што ќе значи дека ги исполнуваат барањaтa за учество на тој пазар и дека нема да има намалување на европските стнадарди.

-Треба да има и реалистички предлог и во делот заземјоделството, кое е мошне ваѓно за земјите од Западен Балкан и секако не смее да се заборави владеење на правото., изјви Бендер.

Тој запример ги спомена нордиските земји кои барале членство во ЕУ, која во тој период не сакала нови членки, Но она што по предлог на Жак Делор им било понудено е да бидат дел од заедничкиот европски пазар без формално да бидат членки. Како што објасни од тоа бенефит имале и граѓаните и компаниите, а земјите биле добро подготвени кога требало и формално да станат членки на ЕУ.