Бендевска: Само еден граѓанин се пожали дека е дискриминиран поради бугарско потекло, а се изјаснил како етнички Македонец

од Берта Китинска
333 прегледи

При крајот на минатата година беше поднесена само една постапка од граѓанин кој се пожали дека е дискриминиран на работното место – вработен во мала рурална локална самоуправа – поради неговото лично чувство дека има бугарско потекло. Ние сме должни да ја прашаме и другата страна. Одговорот беше интересен. Секој вработен во образецот М1/М2 се изјаснува по националност. Жалителот тука се изјаснил како етнички Македонец, па оттука не му е нарушено правото на еднаквост со неговото сменување од работното место, вели Весна Бендевска, претседателка на Државната комисија за заштита од дискриминација во Утрински Брифинг.

Таа вели дека ги охрабруваат сите граѓани кои се чувствуваат дискриминирано по кој било основ – етнички, родов, сексуален, политички и други основи, да поднесат претставка до Комисијата.

-Ние имаме веб страница на која може да се добијат детални податоци за тоа какви случаи имаме, колку се решени, до каде е постапката по одредени случаи, а ново е што можат и да поднесат претставка електронски, вели Бендевска.

Слични содржини