Весна Бендевска, потпретседателка на Движењето ЗНАМ, во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа, ја пренесе реакцијата на компанијата „Лидл МК“ во врска со обвинувањата на СДСМ за наводен коруптивен однос на градоначалникот на Куманово, Максим Димитровски, во врска со земјиштето за изградба на Лидл на територијата на општината. Според изјавата на „Лидл МК“ за порталот МКД.мк, компанијата нагласува дека се водат според меѓународните стандарди и работат во согласност со локалното законодавство и прописи. „Лидл“ ги истакна своите инвестиции во Македонија, над 300 милиони евра, и вработувањето на повеќе од 300 лица, додавајќи дека имаат исклучителна соработка со сите институции на централно и локално ниво, вклучително и Општина Куманово.
На коментарот на новинарот дека Движењето ЗНАМ е постојано напаѓано од СДСМ и Левица, Бендевска одговори дека СДСМ со лагите што ги пласира не ќе успее да го задржи своето малобројно членство и треба да се соочи со реалноста.