Граѓаните во Битола масовно се приклучуваат кон движењето ЗНАМ, препознавајќи дека сме единствената опција која се заснова на принципи и вредности, изјави денес Весна Бендевска, носителка во ИЕ5 на движењето формирано од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Бендевска истакна дека нивните врати се отворени за сите без оглед на нивните уверувања или каде биле претходно.
Според неа, во Битола во последните два дена, има зголемување на членството за 20%, после резултатите од првиот круг на претседателските избори.
-Нема тајна во одличниот резултат од првиот круг на изборите. Луѓето препознаваат дека сме единствената опција која се заснова на принципи и вредности. Треба заеднички да застанеме на вистинската страна на историјата за Македонија, додаде Бендевска.