Бендевска за случајот со Ембла: Родителите што ја потпишаа петицијата прават идни мразачи од своите деца

од Nikola Popovski
241 прегледи

Сите што чувствуваат потреба од заштита да се охрабрат и да се борат, не само за себе, туку и за да создадеме подобар амбиент во заедницата. Мораме да го направиме ова системски, вели Бесна Бендевска, претседателката на Комисијата за спречување на дискриминација, говорејќи за случајот со малата Ембла од Гостивар.

Според неа, родителите се многу важни во предучилишните установи.

-Говорев и за родителите што ја потпишаа петицијата. Без да се свесни дека не само што дискриминираат едно девојче со посебни потреби, тие од своето сопствено дете прават иден мразач, кое во иднина ќе изразува гнев и нема да толерира различност. Цел систем потфрламе. А единствен излез е многу посистематски и посериозно да ги опфатиме сите аспекти, бидејќи правото на еднаквост не треба да биде само мртво слово на хартија, вели Бендевска во емисијата „Вин-вин“.

Бендевска информира и дека 893 ученици со посебни образовни потреби се вклучени во редовниот воспитно образовен процес во Македонија.

Слични содржини