Бенфика стави огромна цена на својата ѕвезда

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Бенфика нема да ја даде евтино својата ѕвезда Дарвин Нунес. 22-годишниот Уругваец е предмет на сериозен интерес од голем број европски гиганти. Од „Луж“ знаат дека ќе биде тешко да го задржат во својот тим, но ќе сакаат да ја земат максималната сума доколку се работи за негова продажба, бидејќи ставија цена од 120 милиони евра, пишува „Атлетик“.

Нунес е во трансфер плановите на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг, кому многу му се допаѓаат неговите квалитети и сака да го доведе на „Олд Трафорд“. Сепак, оваа цена не е изненадувачки да се одбие, а „црвените ѓаволи“ да се фокусираат на поевтини алтернативи за да го засилат нападот.

За уругвајскиот напаѓач се заинтересирани и Атлетико Мадрид, Ливерпул, Арсенал и Њукасл. Сепак, и овие клубови ќе бидат прилично шокирани од одредената цена и не е ни чудо што многу од нив ќе се повлечат.

Нунес беше донесен во Бенфика од Алмерија за 24 милиони евра во 2020 година. Кај „орлите“ има 84 натпревари, 47 гола и 16 асистенции.

Слични содржини