Бенфика продолжува да се трка со времето во обидот да го засили тимот со лев бек, со јасно дефинирана цел во лицето на Тајрел Маласија.
Холандскиот бек на Манчестер Јунајтед е на врвот на листата на потенцијални засилувања, а двете страни, според различни извори, напредуваат во разговорите.
Приоритет на Бенфика е да најде некој кој може да биде алтернатива на Алваро Карерас, при што Маласија има ограничување, како што посочи Рубен Аморим. Тренерот вчера потсети дека Маласија „долго време беше надвор од терените“, мислејќи на повредата на левото колено поради која мораше да направи две операции и речиси да паузира 17-месеци.
Во меѓувреме, германски Скај објави дека „орлите“ се меѓу клубовите кои ја следат ситуацијата со Адам Азну, 18-годишниот марокански интернационалец кој сака да го напушти Баерн поради недостиг на минутажа.