Поранешниот тренер на Интер и Наполи, Рафаел Бенитез, смета дека Јувентус и „нероазурите“ се фаворити за титулата во Серија „А“ пред Милан.
„Росонерите“ го освоија своето прво Скудето по една деценија под водство на Стефано Пиоли, завршувајќи со два бода повеќе од градските ривали, но она што го направија тимовите ова лето ќе ја свртат вагата на другата страна, според експертот.
„Интер и Јувентус се на фронтот. Милан е солиден, не можеме а да не го сметаме за еден од тимовите за титулата, но другите двајца се фаворити. Го ценам Јуве што ги ангажираше Ди Марија и Бремер. Не треба да го отпишуваме Наполи, а ни Рома. Жозе Мурињо направи импресивна селекција и ќе ја има пријатната задача исто да предизвика за титулата. „Волците“ беа еден од најимпресивните тимови со своите трансфери, ги добија Пауло Дибала, Жоргињо Вајналдум и Немања Матиќ“, изјави Рафаел Бенитез.