Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема решил да користи недозволени производи пред полуфиналето во Лигата на Шампионите против Баерн Минхен (2: 1), пишува германскиот „Bild“.
Според изданието станува збор за ароматичен тутун, кој се става помеѓу забите за 30-60 минути. Дел од никотинот, кој е во количина 3 пати поголемо од обична цигара, веднаш влегува во организмот, предизвикува зголемен тонус и го заострува вниманието.
Супстанцијата е забранета во многу земји, а во последно време активно се истражува од антидопинг организациите. Од една страна, таа помага да се прекине со пушењето, а од друга страна, има тонизирачки ефект врз телото.
Неговата употреба може да влијае на физичката состојба на спортистот. Таа ја подобрува концентрацијата и предизвикува брзи реакции. Овој вид тутун е забранет во Германија, но токму таму, во Минхен, пред натпреварот, Бензема го употребувал.